Физиката на суперхероите, Од Џејмс Какалиос Inspire article

Преведено од Наталија Ацеска (Natalija Aceska). Супермен, Бетмен, Лајтнин Лед, Спајдермен – тие сите ги применуваат принципите на физиката при изведување на нивните…

Прегледот на Џејмс Какалиос е дека многу фундаментални принципи можат да бидат подобро разбрани со проучување на активностите на суперхероите во комичните стрипови, некои познати или некои не толку познати. Како на пример коментарот на предговорот: „Стрип јунаците се забавни, а косите рамнини не се. Токму затоа за наставниците, оваа книга е фантастичен извор на примери кои во сите нивоа можат да оживеат некои од повеќето земски области од наставната програма на физиката.

Со области на механиката, енергијата (топлина и светлост) и модерната физика, учениците можат да бидат предизвикани да ги испитаат активностите на суперхероите, допирајќи на многу аспекти од физиката. Споменати се сите херои за кој што сум слушнал, како и уште неколку други, а добар список на поими му овозможува на читателот да проучува записи за различни херои, како и широко одделени теми, како што се гравитација и гама зраци, температури и напон. Каакалиос не се ограничил себе си на светот на фантазијата, но сепак настојува секоја тема да ја поврзи со секојдневниот реален живот на автомобили, микробранови и молекули, пробудувајќи го разбирањето на читателот.

Бидејќи ова е американска книга, јас најдов користење на фунти и стапала, наместо консеквентните SI единици, што ми е помалку фрустирачки, но потребата за нас, европските наставници, да “сами да ја направиме претворбата“ можеби не е лоша работа. Книгата е илустрирана со многу примери од комичните стрипови, но тие би биле покорисни да се во боја. Можеби во иднина, издавачите би го зеле во обзир продуцирањето на серии слајдови во боја за користење во училниците.

Па ако се уште не сте ја прочитале „Физиката на суперхероите“, ве повикувам да го купете или копирате и да уживате во дебатата за тоа зошто Супермен беше „човек од челик“ и стана најнереалниот суперхерој од сите, како што влакната на Спајдермен имаат нивно ограничување и дали тој разбира електромагнетизам.

Ова е книга што секој наставник на природната наука треба да ја прочита. Тоа е таков вид на книга што може да биде земена на одмор, низ долг период или во кратко пробливи залаци. Независно од тоа, јас сум сигурен дека штом еднаш ја прочитате, некои  нејзините содржини ќе бидат користени повторно и повторно.

Детали

Публицист: Duckworth Press
Година на публицирање: 2006
ISBN: 0715635492


License

CC-BY-NC-ND

Download

Download this article as a PDF